Коментар на Блупринт групата за правосудство на Извештајот на Европската комисија 2022 година во делот на правосудството – До каде сме и што понатаму?

Реформите во правосудството, исто како и минатогодишниот извештај, бележат одреден напредок, за разлика од добриот напредок во спроведувањето на реформските процеси забележани во извештаите на Европската комисија (ЕК) за 2018, 2019 и 2020 година. Ова се согледува и со имплементацијата на препораките дадени во претходните извештаи, пред сè извештајот од минатата година, кои во најголем дел се исти или видоизменети. Сепак, нивото на усогласеност останува непроменето од 2019 година, односно Северна Македонија има одредено/умерено напреднато ниво на подготовка.

Прочитајте го коментарот на Блупринт групата за реформи во правосудството на Извештајот на ЕК за 2022 година.